Почитувани посетители,
Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Овде ќе добиете корисни информации, кои ќе Ви помогнат да се запознаете со работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и нејзината поставеност во правниот систем на Република Северна Македонија. Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице и е составена од претседател, заменик претседател и пет члена, именувани од Собранието на Република Северна Македонија, со мандат од 5 години. За работата на Државната комисија и за својата работа, претседателот и членовите одговараат пред Собранието на Република Северна Македонија. Целта на Државната комисија е да создаде ефикасен систем на правна заштита, преку навремено и законито решавање на предметите по жалби.
Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка. Од 01.01.2021 година согласно одредбите од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Mакедонија“ бр.96/19)
Државната комисија не е надлежна да постапува по жалби против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кога со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочна постапка. Во постапката за решавање по жалби Државната комисија ги применува одредбите од Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор доколку со закон поинаку не е уредено.