social image

Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице и е составена од претседател, заменик претседател и пет члена, именувани од Собранието на Република Северна Македонија, со мандат од 5 години. За работата на Државната комисија и за својата работа, претседателот и членовите одговараат пред Собранието на Република Северна Македонија. Целта на Државната комисија е да создаде ефикасен систем на правна заштита, преку навремено и законито решавање на предметите по жалби.

Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка. Од 01.01.2021 година согласно одредбите од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Mакедонија“ бр.96/19) Државната комисија не е надлежна да постапува по жалби против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кога со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочна постапка. Во постапката за решавање по жалби Државната комисија ги применува одредбите од Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор доколку со закон поинаку не е уредено.

СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ВО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ВТОР СТЕПЕН ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРЕКРШОЧНАТА

Ред. бр.ИМЕ И ПРЕЗИМЕРАБОТНО МЕСТО
1Виолета ШамбарГенерален секретар
2Мирјана РангеловаРаководител на одделение
3Анита КуневскаСоветник
4Тања ЃурчиновскаСоветник
5Виолета Вељковиќ ЈосифовскаСоветник
6Милиќ ПрашчевиќСоветник
7Михајло ЧункоскиСоветник
8Страхил СпанчевскиСоветник
9Јован НиколовСоветник
10Наташа ТосеваПомлад соработник
11Дијана АрсеноваПомлад соработник
12Адиса ЛимкоскаСамостоен референт
13Соња ПавловскаВиш Рефрент
14Дарко ДедовВозач